Континуирано продолжуваме со борбата за почиста животна средина, но и борбата против загадувачите. По неколкудневна макотрпна работа, депонијата долж автопатот во н.место Инџиково е веќе минато. ЈКП “Гази Баба 2007” и понатаму ќе продолжи со истото темпо, но воедно и уште еднаш сакаме да упатиме апел до граѓаните за совесно однесување кон животната средина.