02 322 4801
info@jkpgb2007.gov.mk

Акции

Акција за расчистување на училишниот двор од С.У.Г.С. Гимназија “Панче Арсовски”

Во знакот на пролетта, денес 21.03.2019, заедно со Акцијашите од Град Скопје и учениците од С.У.Г.С. Гимназија “Панче Арсовски”, која што се наоѓа на територија на Општина Гази Баба, организиравме акција за расчистување на училишниот двор.

Ваквите акции треба да прераснат во пракса во Образовниот систем се со цел подигнување на свеста кај учениците како и кај Професорите, за чиста животна околина.

Read more

Зголемување на прегледноста на патот Раштак – Бутел

Поради густата вегетација, прегледноста на патот на потегот Раштак-Бутел беше значително намалена, со што екипите на ЈКП “Гази Баба 2007”, заедно со локалното население, организираа Неделна работна акција за кастрење на гранки и грмушки покрај самиот пат.

Ваквите работни акции прераснаа во пракса, а истите ќе продолжат и во иднина и во другите населени места во Општина Гази Баба.

Read more

ЈКП “Гази Баба 2007” и понатаму со полн интензитет работи и продолжува со исполнување на секојдневните барања на граѓаните

Во изминатиот период драстично го намаливме бројот на дивите депонии и ставивме крај на нивното создавање, постапивме и по огромен број на барања на граѓаните за кроење и сечење на сувите и дотраени дрвја кои претставуваат опасност за граѓаните.

Ве охрабруваме и понатаму да продолжите со поднесување на барања за проблемите во вашето место на живеење кои се во домен на работата на претпријатието, во просториите на ЈКП “Гази Баба 2007” кои се наоѓаат веднаш до Кино Маџари.

Упатуваме апел до граѓаните за зачувавње на животната средина.

 

Read more

Втора ЕКО Акција организирана од страна на невладината организација БА ТУ ТА Спорт

Втора ЕКО Акција организирана од страна на невладината организација БА ТУ ТА Спорт во населено место Керамидница а со наша безрезервна логистичка поддршка со механизација и луѓе.

ЈКП “Гази Баба 2007” и понатаму, во интерес на граѓаните на Општина Гази Баба, ќе продолжи да ги поддржува овие акции се со цел почиста животна средина за сите нас.

 

Read more