За ЈКП “Гази Баба” 2007

Јавното Комунално Претпријатие е основано од страна на Советот на Општина Гази Баба во 2007 година. Истото е основано поради вршење на дејности од комуналната област кои се од јавен интерес од локално значење, а се сметаат за незаменлив услов за животот и работата на граѓаните на територијата на Општина Гази Баба.

Јавното претпријатие е организирано како Јавно претпријатие за вршење на комунални дејности и истите ќе ги извршува во руралните подрачја, а тоа ги опфаќа следните села и населени места: с.Брњарци, с.Булачани, с.Раштак, с.Инџиково, с.Јурумлери, с.Сингелиќ, с.Смилковци, с.Страчинци, с.Стајковци, с.Црешево, с.Трубарево, с.Виниче, с.Идризово, н.м. Нова Колонија и н.м. Гоце Делчев.

ЗАЕДНИЧКИ ДА СЕ ГРИЖИМИ ЗА ЧИСТА И ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА