Дејности и активности
Комуналното претпријатие во рамките на својот делокруг на работење ги врши следните дејности:
- Собирање, транспортирање и депонирање на комунален цврст отпад;
- Одржување на јавна чистота во населените места;
- Чистење на страничниот дел на улиците во населените места од секаков вид на комунален отпад;
- Одржување и користење на паркови и зеленила, парк-шуми, водни и рекреативни површини;
- Одржување на гробови, гробишта и давање на погребални услуги;
- Снабдување со вода за пиење, изведување, одржување и реконструкција на водоводната мрежа;
- Изведување, одржување и реконструкција на фекалната и атмосферската канализациона мрежа;
- Чистење на индивидуални септички јами;
- Изведување и одржување на јавно осветлување;
- Одржување и користење на пазари на големо и мало;
- Отстранување и чување на непрописно паркирани возила,
- Eрадикација на животни скитници, украсување на населени места, дезинфекција, дератизација и слично, и Други дејности согласно со Закон.




