Дејности и активности

Комуналното претпријатие во рамките на својот делокруг на работење ги врши следните дејности:

Водоводна мрежа

Снабдување со вода за пиење, изведување, одржување и реконструкција на водоводната мрежа

Одржување на хигиена

Одржување и чистење на улици, паркови и зеленила, грижа за парк-шуми, водни и рекреативни површини

Цврст отпад

Собирање, транспортирање и депонирање на комунален цврст отпад на територија на о. Гази Баба

ЗАЕДНИЧКА ГРИЖА ЗА ЗЕЛЕНА И ЧИСТА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА! ОД НАС ЗАВИСИ!

Сервис за граѓаните

Целосно го обновивме за да може навремено да ги извршува сите дејности за кое е формирано. Набавена е нова опрема за одржување на зеленилото, како и нова механизација багер и два камиони. Обезбедивме нови работни простории за ЈКП „Гази Баба 2007“ .

Вработените добија нови заштитни униформи, а зголемен е бројот на ангажирани работници. Извршена е обнова и поставена е нова урбана опрема во сите населени места. Редовно се чисти каналската мрежа, а се одржуваат и зелените површини на целата територија на општината.

ЗАЕДНИЧКИ ДА СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ЧИСТА И ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА