Со почит ЈКП “Гази Баба 2007”.
ИЗВЕСТУВАЊЕ
ВАЖНО СООПШТЕНИЕ !!!
❗️❗Предупредување до граѓаните за обилни врнежи од дожд за периодот од 12-ти до 17-ти мај.❗❗
⛈ Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи, деновиве се очекува големо невреме со интензитет до 70 литри/м3. Токму поради овие најави активиран е општинскиот кризен штаб и превземени се мерки за ангажирање на превентивна дополнителна механизација, за брзо и навремено интервенирање при евентуални несакани штети.
? Препорака до граѓаните да ги превземат сите мерки за заштита на своите домови, а земјоделците да ги следат насоките од министерството.
Зголемување на прегледноста на патот Раштак – Бутел
Поради густата вегетација, прегледноста на патот на потегот Раштак-Бутел беше значително намалена, со што екипите на ЈКП “Гази Баба 2007”, заедно со локалното население, организираа Неделна работна акција за кастрење на гранки и грмушки покрај самиот пат.
Ваквите работни акции прераснаа во пракса, а истите ќе продолжат и во иднина и во другите населени места во Општина Гази Баба.
Пазарџиите со нов Добиточен пазар
Согласно потребите на пазарџиите на Добиточниот Пазар, кои цели 3 недели својот добиток го продаваа пред вратите на пазарот, а како последица на тоа произлегуваше сообраќаен метеж кој ги револтираше граѓаните кои го користат магистралниот пат Трубарево-Петровец, ЈКП “Гази Баба 2007” склучи договор со Скопски Пазар за превземање на истиот.
Во наредниот период ЈКП “Гази Баба 2007” со помош на Општина Гази Баба, ќе се погрижи да се воспостави ред на пазарот како и да ги подобрат условите на истиот, а дополнително ќе се зголемува и буџетот на Претпријатието.
Продолжуваме со борвата за почиста животна средина
Континуирано продолжуваме со борбата за почиста животна средина, но и борбата против загадувачите. По неколкудневна макотрпна работа, депонијата долж автопатот во н.место Инџиково е веќе минато. ЈКП “Гази Баба 2007” и понатаму ќе продолжи со истото темпо, но воедно и уште еднаш сакаме да упатиме апел до граѓаните за совесно однесување кон животната средина.