Согласно потребите на пазарџиите на Добиточниот Пазар, кои цели 3 недели својот добиток го продаваа пред вратите на пазарот, а како последица на тоа произлегуваше сообраќаен метеж кој ги револтираше граѓаните кои го користат магистралниот пат Трубарево-Петровец, ЈКП “Гази Баба 2007” склучи договор со Скопски Пазар за превземање на истиот.
Во наредниот период ЈКП “Гази Баба 2007” со помош на Општина Гази Баба, ќе се погрижи да се воспостави ред на пазарот како и да ги подобрат условите на истиот, а дополнително ќе се зголемува и буџетот на Претпријатието.